• понеделник, 09 март 2026

Земјотрес синоќа почувствуван во државава, епицентарот во Грција

Земјотрес синоќа почувствуван во државава, епицентарот во Грција

Скопје, 9 март 2026 (МИА) - Земјотрес со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар потекнува од Грција, е почувствуван синоќа во западните делови од државава.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот бил регистриран во 22 часот и 17 минути, а епицентарот е на околу 200 километри југозападно од Скопје.

- Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува  III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија. лв/

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан