Земјотрес почувствуван во Гевгелија, Валандово, Богданци, Неготино и Кавадарци
- Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје попладнево информираше дека денеска во 08:50 часот бил почувствуван земјотрес од населението на Гевгелија, Валандово, Богданци, Неготино, Кавадарци и околината.
Скопје, 12 март 2023 (МИА) - Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје попладнево информираше дека денеска во 08:50 часот бил почувствуван земјотрес од населението на Гевгелија, Валандово, Богданци, Неготино, Кавадарци и околината.
Епицентарот на земјотресот бил на 123 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Гевгелија - Гуменџа. Почувствуван е со Рихтерова локална магнитуда 3,1 и интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала. бак/вј/
Фото: МИА архива