• недела, 22 декември 2024

Земјотрес од 2 степена по Рихтер регистриран во Скопје

Земјотрес од 2 степена по Рихтер регистриран во Скопје

Скопје, 16 јули 2024 (МИА) - Земјотрес со локална магнитуда од 2 степена по Рихтер е регистриран попладнево во 14 часот и шест минути со епицентар во скопско епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

-Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информира Опсерваторијата. хс/дма/

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан