• вторник, 17 декември 2024

Земјотрес во Струмичко со интензитет од три степени

Земјотрес во Струмичко со интензитет од три степени
Скопје, 2 септември 2021 (МИА) - Земјотрес со епицентар 120 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Струмица, е регистриран вечерва во 19 часот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML2.2, а беше почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. мч/ев/

Остани поврзан