• среда, 17 јуни 2026

Земјотрес во Пехчево и Берово

Земјотрес во Пехчево и Берово

Скопје, 11 април 2026 (МИА) -  Земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Делчево – Берово, 120 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.1, е регистриран ноќеска во 00:22 минути од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. 

- Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.лв/

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа