• петок, 22 ноември 2024

Земјотресот ги вознемири жителите на Битола, Охрид и Кичево, некои ноќта ќе ја минат на отворено

Земјотресот ги вознемири жителите на Битола, Охрид и Кичево, некои ноќта ќе ја минат на отворено
Битола, 9 јануари 2022 (МИА) - Земјотресот со магнитуда од 5,3 степени што вечерва во 22:43 часот беше почувствуван во земјава, ги вознемири жителите на Битола, Охрид и Кичево кои во голем број ги напуштија своите домови. Граѓани од трите града велат дека потресот предивикал напукнување на ѕидовите во некои објекти, но информации за посериозни штети засега нема. Тресењето на станбените објекти проследено со силен звук ги принуди жителите да ги напуштат домовите. Некои се во своите возила на паркинзите, а дел велат дека ноќта ќе ја минат под отворено небо. По првиот најсилен земјотрес, до полноќ почувствувани се уште неколку послаби.. Четириесет и пет минути по првиот потрес интернетот и мобилните телефони во Битолско не функционираа и беа во прекин. Како што јави дописничката на МИА од Грција, според Геодинамичкиот инсититут на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил на грчко-македонската граница, шест километри северозападно од градот Лерин. За нешто помалку од 40 минути по силниот земјотрес, во поширокиот регион на Лерин беа регистрирани уште седум помали земјотреси, од кои еден од 4,2 степени, еден од 3,9 и два од 3,5 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.мт/са/

   

Остани поврзан