• понеделник, 23 декември 2024

Земјоделците од штипско-карбинскиот регион ги подготвуваат нивите за сеидба на житните култури

Земјоделците од штипско-карбинскиот регион ги подготвуваат нивите за сеидба на житните култури

Штип, 21 октомври 2023 (МИА) - Околу половина од нивите за пченица и јачмен се подготвени за сеидба во штипско-карбинскиот регион, вели за МИА потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Сарафимов. Немањето дожд, лошите временски услови, но и ниската откупна цена на житните култури се причина што земјоделците доцнат со подготовките за сеидба.

Според Сарафимов, откупната цена од 10 и 9 денари за пченицата и јачменот се разочарувачки за сите земјоделци кои планираат нова сеидба.

-Поради сето ова и според исказите на дел од земјоделците се очекува површините под житни култури во штипско-карбинскиот регион да се намалат за 20 проценти, вели Сарафимов.

Ѓорѓи Каракашев од Националната мрежа на земјоделци додава дека поради ниската откупна цена на житото голем дел од производителите собраната пченица и јачмен ја чуваат во амбарите. Во моментов доколку ја продадат нема да можат да ги покријат трошоците, а по нивно барање Земјоделскиот институт од Скопје изготви производна цена, која речиси е дупло повисока од откупната.

-  Земјоделскиот институт ни изготви производна цена за пченицата 19 денри, а за јачменот 15. За жал трговците, мелничарите ја откупуваат пченицата по 10денари, а јачменот не го ни откупуват бидејќи сточниот фонд е катастрофално намален и полјоделците се уште во потека ситуација з разлика од останатите земјоделци. Огромните количини од произведена пченица се уште стојат во амбарите. Никој не е заинтересиран за откуп, вели Каракашев. вдј/мч/

фото: МИА  

Остани поврзан