• сабота, 23 ноември 2024

Зеленски ја прифати поканата на Шолц да присуствува на Самитот на Г-7

Зеленски ја прифати поканата на Шолц да присуствува на Самитот на Г-7
Киев, 16 јуни 2022 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ја прифати поканата на германскиот канцелар Олаф Шолц да учествува на идниот Самит на Г-17, што ќе се одржи кон крајот на месецот во Баварија. - Му благодарам на Зеленски што ја прифати мојата покана да присуствува на Самитот на Г-7, напиша Шолц на Твитер. Самитот на Г-7 ќе се одржи од 26 до 28 јуни во комплексот дворци Елма, јужна Германија. Шолц, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Марио Драги денеска се во посета на Киев, со цел да изразат поддршка од Европската Унија. ми/

Остани поврзан