Зеленски: Украинските сили не се опколени во Курск, операцијата продолжува
- Истовремено, украинскиот лидер соопшти дека неговата земја успешно тестирала нова ракета со дострел од 1.000 километри. „Ракетата „долгиот Нептун“ беше тестирана и успешно искористена во борба“, рече Зеленски, истакнувајќи дека ова е значаен чекор за украинската одбрана.

Киев, 15 март 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили продолжуваат со операции во руската област Курск и дека не се соочуваат со опколување, иако борбите во регионот се интензивни, јави Скај Њуз.
„Групирањето на руските сили јасно покажува дека Москва продолжува да ја игнорира дипломатијата“, напиша Зеленски на социјалните мрежи, додавајќи дека Украина останува подготвена да ги информира своите партнери за ситуацијата на фронтот и по должината на границата.
Истовремено, украинскиот лидер соопшти дека неговата земја успешно тестирала нова ракета со дострел од 1.000 километри. „Ракетата „долгиот Нептун“ беше тестирана и успешно искористена во борба“, рече Зеленски, истакнувајќи дека ова е значаен чекор за украинската одбрана.
Ако оваа информација се потврди, Украина би добила способност да гаѓа цели многу подалеку од досегашниот максимален дострел на американските ATACMS ракети од 300 километри, што би можело да има значајно влијание врз воената состојба, наведува британскиот медиум. ссм/
фото: архива