• четврток, 26 декември 2024

Зеленски: Украина ќе поднесе барање за свикување состанок на Советот Украина-НАТО

Зеленски: Украина ќе поднесе барање за свикување состанок на Советот Украина-НАТО

Киев, 16 април 2024 (МИА) – Украина ќе побара свикување на состанок на Советот Украина-НАТО во врска со одбраната на небото, снабдувањето со системи за противвоздушна одбрана и соодветни ракети, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака.

- Сега активно работиме за да обезбедиме првиот Глобален мировен самит во јуни да биде ефикасен. Им благодариме на сите лидери и земји кои изразија подготвеност да учествуваат на самитот во Швајцарија оваа недела, истакна Зеленски.

Тој особено му се заблагодари на германскиот канцелар Олаф Шолц за иницијативата и „соодветната меѓународна комуникација“, како и за „сигналите што можеа да се слушнат од Пекинг“. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан