• петок, 08 ноември 2024

Зеленски: Украина разви план за нова контраофанзива

Зеленски: Украина разви план за нова контраофанзива

Киев, 10 април 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Украина развила план за нова контраофанзива.

-Да, имаме контраофанзивен план. Немаме алтернатива, но не можам да дадам датум, нагласи Зеленски во интервју за Билд, истакнувајќи дека за да се постигне оваа цел, на украинската армија и треба оружје, вклучително и оружје од САД.

Според него, Русија има повеќе луѓе и оружје, но, како што наведе, обединетиот Запад има модерни системи за оружје.

Коментирајќи ги повиците за замрзнување на војната, Зеленски рече дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја искористи оваа пауза за да се подготви за нов напад.

-Секако, некои ќе се радуваат: Да, успеавме да го замрзнеме конфликтот, проектилите не летаат, но ова е само додека Русија не го зголеми производството и резервите на воена опрема, ракети, беспилотни летала и не ги анализира сите грешки што ги призна на почетокот, истакна украинскиот претседател.

Зеленски додаде дека не исклучува голем руски напад врз Харков.

-Путин сакаше да го освои Харков бидејќи тоа е голем симбол за него. Харков е еден од главните градови на Украина, затоа има големо симболично значење, но Украина е подготвена да ги попречи руските планови за освојување. Правиме се тоа да не се случи, рече Зеленски.

Тој призна дека руските напади врз енергетската инфраструктура биле успешни.

-Тоа има големо влијание врз војната, рече претседателот, додавајќи дека нападите врз објектите за снабдување со енергија предизвикуваат големо страдање на населението и градовите.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан