• понеделник, 23 декември 2024

Зеленски: Украина разбира дека вратата за членство во НАТО не е отворена

Зеленски: Украина разбира дека вратата за членство во НАТО не е отворена
Киев, 15 март 2022 (МИА) - Украина разбира дека вратата за членство во НАТО не е отворена и затоа предлага да се брани на друг начин доколку и се дадат безбедносни гаранции, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Украина не е членка на НАТО. Ние го разбираме тоа. Слушавме со години дека вратите се отворени, но слушнавме и дека не можеме да се приклучиме. Тоа е вистина и мора да се признае“, рече Зеленски. „Ако не можеме да поминеме низ отворената врата, треба да работиме со организации кои можеме, кои ќе ни помогнат, ќе не заштитат... и ќе добиеме некои гаранции“, нагласи Зеленски во видео порака. аа/

Остани поврзан