Зеленски: Русија распоредила 100.000 војници во близина на градот Покровск во источна Украина
- Русија концентрирала 100.000 војници во близина на Покровск, клучен град во источна Украина, изјави денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Киев, 29 август 2025 (МИА) – Русија концентрирала 100.000 војници во близина на Покровск, клучен град во источна Украина, изјави денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Ситуацијата во областа на Покровск „денес е највознемирувачка“, бидејќи Русија таму натрупала „до 100.000 војници“, рече Зеленски на средба со новинари и оцени дека Русите „во секој случај подготвуваат офанзивни акции“, пренесе Бета.
Зеленски денеска рече и дека треба да се зајакне притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин по рускиот напад на Киев, во кој загинаа 23 лица. јт/
Фото: Зеленски на Фејсбук