Зеленски најави тешка ноќ за Киев: Не чека руски јуриш, мораме да издржиме
- Во речиси петминутиот говор Зелински ја повика јавноста да го брани главниот град на Украина со сите средства.
Киев, 25 февруари 2022 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва во видео порака до нацијата најави дека земјата и особено главниот град Киев ги очекува тешка ноќ, бидејќи се очекува руската армија да се обиде да упадне во Киев, пренесе ДПА.
Во речиси петминутиот говор Зелински ја повика јавноста да го брани главниот град на Украина со сите средства.
Инаку во текот на цела вечер во Киев се слушаат експлозии од ракетни напади и истрели од оружје, а слична е ситуацијата и во неколку поголеми градови низ земјата, меѓу кои и Одеса. сд/