• недела, 22 декември 2024

Зеленски најави видео-учество на конференцијата на Г7 во мај во Јапонија

Зеленски најави видео-учество на конференцијата на Г7 во мај во Јапонија

Киев, 21 март 2023 (МИА) -  Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска најави дека преку видео врска ќе учествува на самитот на Г7 планиран за мај во Хирошима, Јапонија.

Зеленски рече дека ја прифатил поканата и ќе присуствува на онлајн самитот на Групата седум најбогати либерални демократии во Хирошима. Зеленски зборуваше на прес-конференција во Киев покрај јапонскиот премиер Фуми Кишида, кој денеска беше во ненајавена посета на Украина.

За време на неговата посета на Украина, Кишида го посети Буча, град блиску до Киев, кој стана симбол на руските злосторства врз цивилите, а потоа се сретна и со Зеленски.

По средбата со јапонскиот премиер Кишида, Зеленски на новинарите им рече дека неговиот тим ја испратил својата мировна формула во Кина, но дека сè уште не добиле одговор.

Кишида рече дека руската инвазија на Украина е „срам што ги поткопува темелите на меѓународниот правен поредок“. ссм/

Остани поврзан