• вторник, 05 ноември 2024

Зеленски нареди чистка во Националната гарда по откривањето на плановите за атентати

Зеленски нареди чистка во Националната гарда по откривањето на плановите за атентати

Киев, 24 јуни 2024 (МИА) - Претседателот Володимир Зеленски му порача на шефот на украинската национална гарда да ги исчисти своите редови од оние кои ја дискредитираат откако двајца членови на гардата беа обвинети за заговор за атентат на нивни претпоставени.

Државната безбедносна агенција СБУ минатиот месец објави дека привеле двајца полковници од гардата кои наводно соработувале со Русија во заговор за атентат врз Зеленски и други функционери, вклучувајќи го и шефот на воената разузнавачка агенција Кирил Буданов. Украинската гарда штити различни владини претставници.

Претставувајќи го полковникот Олексеј Морозов, Зеленски денеска рече дека негова главна задача е да се осигура дека само оние кои гледаат иднина со Украина можат да се приклучат на агенцијата. Тоа беше негова прва индиректна изјава на оваа тема откако агентите беа уапсени.

„И, се разбира, агенцијата мора да биде исчистена од сите оние кои не ја избраа Украина за себе или ја дискредитираа Националната гарда“, напиша тој на Телеграм.

Зеленски го отпушти претходникот на Морозов, Серхи Руд, во мај, два дена откако СБУ уапси нејзини вработени обвинети дека работеле за руската безбедносна служба и и давале доверливи информации. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан