• недела, 22 декември 2024

Зеленски: Многу сме блиску до постигнување на целта да станеме членка на НАТО

Зеленски: Многу сме блиску до постигнување на целта да станеме членка на НАТО

Вашингтон, 11 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави денеска дека Украина е многу блиску до остварување на својата цел - членство во НАТО, и покрај фактот што воената алијанса не и понуди политичка покана да и се приклучи на самитот во Вашингтон.

„Ние сме многу блиску до нашата цел“, рече тој на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Вашингтон, додавајќи дека следниот чекор ќе биде покана по која ќе следи евентуално членство.

Зеленски им порача на украинските сојузници дека мора да ги укинат сите ограничувања на Киев за извршување напади врз цели во Русија, ако сакаат Украина да победи во војната со Москва. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан