• четврток, 19 декември 2024

Зеленски: Да знаеше Русија што ја чека, ќе се плашеше да дојде овде

Зеленски: Да знаеше Русија што ја чека, ќе се плашеше да дојде овде
Киев, 25 март 2022 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во своето вечерно обраќање до граѓаните преку видеоснимка на Телеграм истакна дека ако Русија знаела што ја чека, ќе се плашела да дојде во Украина. - Во текот на овој месец ги задржавме сите главни правци на руските удари. Светот примени деструктивни санкции. А и договараме нови, истакна Зеленски. Тој додаде дека испратил неколку важни апели до учесниците на Самитот на НАТО, на средбата на Г-7, на Самитот на ЕУ и до шведските пратеници. ми/

Остани поврзан