• недела, 17 ноември 2024

Зеленски го повика НАТО од самитот во Вилнус да и испрати на Украина „јасен сигнал “ за членство

Зеленски го повика НАТО од самитот во Вилнус да и испрати на Украина „јасен сигнал “ за членство

Прага, 7 јули 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика лидерите на НАТО да преземат конкретни чекори за прием на Украина во Алијансата на самитот во Вилнус следната недела, а за тоа ја доби поддршката од чешкиот претседател Петр Павел за време на неговата посета на Прага.

Зеленски кажа дека на неговата земја, која 17 месеци војува против руските агресори, и треба многу повеќе од општа изјава дека вратата на НАТО е само „отворена“.

Украина бара јасен знак од НАТО од самитот што ќе се одржи во Вилнус на 11 и 12 јули дека ќе може да се приклучи на воената Алијанса кога ќе заврши војната.

Украина сака да се приклучи што е можно поскоро, но мислењето на членките на НАТО е поделено за тоа колку брзо треба да се преземат овие чекори. Некои земји-членки се претпазливи за потезите за кои стравуваат дека може да го доближат Алијансата до активна војна против Русија.

-Зборуваме за јасен сигнал, нешто конкретно во насока на поканата, рече Зеленски на прес-конференцијата што ја одржа со својот чешки колега Павел. „Ни треба таа мотивација. Ни треба искреност во нашите односи“, додаде тој.

Зеленски рече дека формулацијата прифатена на самитот на НАТО во 2008 година не е доволна - дека вратите на воената алијанса „ќе останат отворени“ и дека Украина на крајот ќе стане нејзина членка.

-Ќе ни треба некаков сигнал, јасен, дека Украина ќе биде во Алијансата. Не дека вратата е отворена - тоа не е доволно, рече тој одговарајќи на новинарски прашања.

Чешката Република, членка на НАТО, обезбеди силна поддршка на Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, обезбедувајќи и воена и друга помош.

-Мора да се каже сосема јасно дека во интерес на Чешка е Украина, штом заврши војната, да ги почне преговорите за влез во НАТО, бидејќи тоа е и во интерес на нашата безбедност, регионална стабилност и економски напредок, рече Павел. сд/

Фото:ЕПА

Остани поврзан