• понеделник, 23 декември 2024

Зеленски вети заштита за руските војници кои ќе се предадат

Зеленски вети заштита за руските војници кои ќе се предадат
Киев, 25 септември 2022 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата им вети на руските војници дека ќе ги заштити ако се предадат. Тој им вети три работи на оние што ќе се предадат, односно на сите кои ќе се предадат ќе им биде овозможен хуманитарен третман според правилата на меѓународното право. Зеленски им вети на руските војници дека никој нема да ги знае условите за нивното предавање односно никој нема да знае дали доброволно се предале или биле заробени. Како и дека затворениците нема да бидат вратени во Русија доколку тоа не го сакаат. Тој во своето обраќање рече и дека руските команданти не се грижат за животот на своите војници и дека ги пополнуваат редовите во единиците само за да можат да ги испратат во смрт. - Подобро е да се избега од криминалната мобилизација отколку да станеш инвалид, истакна Зеленски. Откако рускиот претседател Владимир Путин минатата недела нареди мобилизација, ширум Русија се одржуваат протести. Тој вчера го потпиша и новиот Закон, кој предвидува казна до 10 години затвор за тие што ќе одбијат да се борат, дезертираат, не почитуваат наредби или се предадат на украинските сили. ми/

Остани поврзан