Зеленски бесен за масовниот напад врз Киев: Русија ќе одговара за секоја жртва
- Според Зеленски, денеска врз Украина биле лансирани речиси 100 проектили од различен тип, соборени се најмалку 70 проектили, од кои речиси 60 биле во областа на Киев.
Киев, 2 јануари 2024 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ќе одговора за секој одземен живот, по раноутринските ракетни напади и напади со дронови на повеќе локациии во Украина, а особено врз Киев и Харков .
Според Зеленски, денеска врз Украина биле лансирани речиси 100 проектили од различен тип, соборени се најмалку 70 проектили, од кои речиси 60 биле во областа на Киев.
Жестоки напади имаше и врз Харков и последиците од нив воп моментов се отстрануваат.
-За жал, има мртви луѓе, рече тој.
Зеленски изрази сочувство на семејствата и пријателите на починатите.
-Многумина настрадаа. Сите ја добиваат потребната помош. Им благодарам на работниците во Државната служба за вонредни ситуации на Украина, полицајците, лекарите и на сите што им помагаат на луѓето, додаде украинскиот претседател. сд/
фото:ЕПА