• петок, 05 декември 2025

Зеленски: Безбедносните гаранции за Украина ќе бидат готови за десет дена

Зеленски: Безбедносните гаранции за Украина ќе бидат готови за десет дена

Вашингтон, 19 август 2025 (МИА) – Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека гаранциите за безбедност на неговата земја веројатно ќе бидат изготвени во рок од десет дена. 

- Подготвени сме за билатерална средба со Путин, а потоа и за трилатерална со Трамп, рече Зеленски, по синоќешната средба со американскиот претседател Доналд Трамп и со европските лидери.

Тој истакна дека прашањето за евентуални територијални отстапки, какви што бара Русија, ќе биде „тема која ќе ја оставиме за разговор меѓу мене и Путин“.

Досега Зеленски бараше прекин на огнот како предуслов за средба со рускиот претседател, но вчера изјави дека условите може да го забават процесот. - Ако Украина постави услови, Русија ќе направи исто. Затоа мислам дека треба да се сретнеме без претходни услови и да видиме каков напредок може да постигнеме кон крајот на војната, нагласи украинскиот претседател. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан