• вторник, 13 јануари 2026

Зеленски бара итна испорака на ракети за ПВО

Зеленски бара итна испорака на ракети за ПВО

Киев, 12 јануари 2026 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави одржување на состанок посветен на итната потреба на Украина од нови ракети за противвоздушна одбрана (ПВО), пренесува Укринформ.

Зеленски во своето вечерно видеообраќање информираше дека со врховниот командант на вооружените сили, Олександар Сирски, детално ги разгледале прашањата за испораките од партнерите. Тој нагласи дека приоритет се ракетите кои се веќе во европските складишта.

- Утре имаме состанок на кој ќе разговараме за ова. Потребни се нови испораки од партнерите преку иницијативата PURL, како и преземање на ракетите од складовите во Европа. Знаеме дека тие се таму и мора веднаш да бидат ставени во служба на нашите противвоздушни сили, изјави синоќа Зеленски.

Според податоците на Укринформ, само во текот на оваа недела Русија врз Украина истрелала речиси 1100 дронови, над 890 наведувани воздушни бомби и повеќе од 50 ракети од различен тип. ссм/

фото: архива

Остани поврзан