• понеделник, 18 ноември 2024

Зеленска предупреди на „смртна опасност“ доколку престане помошта од Западот

Зеленска предупреди на „смртна опасност“ доколку престане помошта од Западот

Киев, 9 октомври 2023 (МИА) - „Смртна опасност“ ќе виси над Украина доколку Западот ја повлече финансиската помош за отпорот против силите на рускиот претседател Владимир Путин, предупреди првата дама на Украина, Олена Зеленска, цитирана од ДПА.

Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека луѓето во нејзината земја ќе бидат оставени да умрат ако светот се измори да дава помош за земјата. Таа јасно ги кажа тие предупредувања во интервју за Би-Би-Си во контекст на британскиот притисок врз републиканците во американскиот Конгрес да одобрат нова американска помош за Киев.

Во четвртокот, британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон ја искористи посетата на Вашингтон за да ги предупреди републиканците дека блокирањето на новиот пакет помош за Украина е „божиќен подарок“ за Путин. Оваа недела, Сенатот, Горниот дом на Конгресот на САД, под контрола на републиканците, го блокираше нацрт-законот поддржан од демократите за обезбедување милијарди долари помош за Украина.

-Навистина ни треба помош. Едноставно кажано, немаме право да се измориме од оваа ситуација, бидејќи ако го сториме тоа, ќе умреме. И ако светот се измори да ни помага, само ќе не остави да умреме, изјави Зеленска за Би-Би-Си. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан