• недела, 05 јануари 2025

„Здравствен дом“ Скопје: Итната помош ќе работи нон - стоп за Божиќните празници, единицата за домашна посета од седум до 21 часот 

„Здравствен дом“ Скопје: Итната помош ќе работи нон - стоп за Божиќните празници, единицата за домашна посета од седум до 21 часот 

Скопје, 3 јануари 2025 (МИА) - Итната помош ќе работи нон - стоп за Божиќните празници, единицата за домашна посета од седум до 21 часот, потврдија денеска од Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Скопје, за МИА.  

- Известуваме дека Службата за ИМП со домашно лекување и итна стоматолошка помош при ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ Скопје, во текот на Божиќните празници на шести и седми јануари, ќе работи со следново работно време.  Службата за ИМП ќе работи 24 часа, а единицата за домашна посета ќе работи од 07 до 21 часот, информираа од оваа јавна здравствена установа. 

Оттаму додадоа дека ординациите за здравствена заштита во трета смена, недели и празници, ќе работат континуирано во двата дена и тоа во поликлиниките „Ѓорче Петров“, „Бит Пазар“, „Чаир“, „Шуто Оризари“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и „Драчево“. бд/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан