• понеделник, 23 декември 2024

Зголемен број тестирања со позитивни наоди на Ковид-19 во Делчево

Зголемен број тестирања со позитивни наоди на Ковид-19 во Делчево
Делчево, 27 јануари 2022 (МИА) - Во делчевската здравствена установа само во изминатата недела од 35 тестирања, вкупно 25 се покажале позитивни на Ковид-19. Директорката на здравствениот дом „Гоце Делчев“ вели дека најголем дел од случаите се асимптоматски и со лесна кличичка слика. - Последната недела имаме зголемен број на случаи, што за мене е доста алармантно. Од тестирани 35, вкупно 25 пациенти се позитивни, што е повеќе од пола тестирани, а сите се тестираат заради контакти и појава на симптоми. За среќа речиси и да нема случаи во клиничка болница Штип, освен итни случаи со бремени жени кои по утврдување на присуство на вирусот ги праќаме на гинекологија. Имаме некои случаи и со деца од градинката и школски деца, но се во добра состојба, информираше Глигоровска. Намалениот број на случаи меѓу повозрасната популација, како што додаде директорката на установата, се должи на според неа доста успешната вакцинација. - Сметам дека имавме успешна вакцинација барем јас така ја оценувам, особено постарата популација е речиси целосно вакцинирана. Се надеваме дека тоа е последниот сој, кој е позаразен, но со полесни симтоми, иако во минатото имавме и лошо искуство неколку наши сограѓани ги изгубивме, но тоа беа главно антиваксери, заради што ми е навистина жал, додаде Глигоровска. Периодот кој следи, според Глигоровска, нема да доведе до зголемување на бројката на позитивни и додаде дека со запазување на мерките и вакцинација, болеста ќе помине без посериозни последици по здравјето на луѓето. вс/мс/

Остани поврзан