• недела, 22 декември 2024

Зголемен број интервенции на беровската полиција во изминатото деноноќие

Зголемен број интервенции на беровската полиција во изминатото деноноќие
Берово, 16 септември 2021 (МИА) - Зголемен број интервенции на беровската полиција во изминатото деноноќие. Поради агресивно однесување кон полициски службеник, 41 годишен беровчанец приведен во Полициската станица. Од беровската полиција информираат дека во изминатите 24 часа полцијата интервенирала и во тепачка помеѓу две лица од Берово и Битола. - По пријава на соседите полицијата спречи поголем инцидент помеѓу беровчанецот С.Г и битолчанецот А.М. кои по кратка расправија тргнале физички да се пресметаат, информираа од полицијата. По разгледувањето на прекршоците од двата случаи најавени се соодветни поднесоци против лицата учесници во горенаведените инциденти. Воедно од беровската полиција информираа дека во заедничка координирана акција со нивни колеги од Берово спречена е нелегална сеча на дрва. - Случајот е регистриран во атарот на село Двориште каде во акцијата за спречување нелегална сеча пронајдена и запленета е една приколка со огревно дрво, додадоа од полицијата. Запленетите дрва како што се дополнува во соопштението од полицијата се предадени на Шумско стопанство Малешево - Берово за понатамошна постапка. в.с/цр

Остани поврзан