• понеделник, 23 декември 2024

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Скопје, 1 август 2024 (МИА) - Бројот на работниците во индустријата во јуни годинава е зголемен за 1,2 отсто во споредба со истиот месец лани, а во првите шест месеци од годинава бележи раст за 1,7 отсто во однос на истиот период од 2023 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2024 во споредба со јуни 2023 година, бележи пораст од 5,1  отсто, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 0,9  и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пораст од 1 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи пораст кај Енергија за 4,7 отсто, Капитални производи за 15,6  и Трајни производи за широка потрошувачка за 16,3 отсто, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,8 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,4 отсто.вј/вг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан