• среда, 04 февруари 2026

Зголемено нивото на реките и езерата во рамките на просекот за јануари

Зголемено нивото на реките и езерата во рамките на просекот за јануари

Скопје, 28 јануари 2026 (МИА) - Зголемено ниво на реките во однос на просекот за јануари се бележи денеска на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и кај Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Струмица кај Сушево, на Црна Река кај Новаци, како и на Сатеска кај Ботун.

Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека единствено минимално намалување има на реката Брегалница кај Берово.

Водостоите на Охридското, Препанското и на Дојранското Езеро според денешните мерења се во рамките на просекот за јануари. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан