• среда, 04 февруари 2026

Зголемено нивото на повеќе реки

Зголемено нивото на повеќе реки

Скопје, 26 јануари 2026 (МИА) - Зголемено ниво на водата денеска има реката Вардар, особено кај Јегуновце, Велес и Демир Капија. Исто така, реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани покажуваат пораст на нивото на водата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Сепак, не сите реки бележат позитивен тренд. Реката Сатеска кај Ботун, Брегалница кај Штип и Бабуна кај Богомила покажуваат минимално намалување на нивото на водата.

Според податоците од УХМР, нивото на водата во Дојранското, Преспанското и на Охридското Езеро е стабилно и во рамките на просечните вредности за јануари. дма/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан