• сабота, 21 декември 2024

Зголемена фреквенција на граничните премини „Блато“ и „Џепиште-Требиште“, кај Дебар

Зголемена фреквенција на граничните премини „Блато“ и „Џепиште-Требиште“, кај Дебар

Дебар, 17 јуни 2024 (МИА) – На граничните премини „Блато“ и „Џепиште-Требиште“ кај Дебар, во последните три дена од минатата седмица забележана е зголемена фреквенција.

Преку двата премина минале 7118 патници, од кои на излез 3460, додека на влез 3658 патници.

- Гледано одделно, на преминот „Блато“ на излез се регистрирани 3217 патници, најмногу во сабота или 1287, додека на влез 3418 најмногу во петок 1254 патници. На вториот граничен премин, Џепиште-Требиште, регистрирани се вкупно 483 патници, од кои на излез 243, додека на влез 240 патници, потврдија за МИА од Министертвото за внатрешни работи.

На преминот „Блато“, кој е на оддалеченот од четири километри од Дебар, со пуштањето во употреба на автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбр), со што оддалеченоста од преминот, до Тирана, се намали од 180 на 70 километри, фреквенцијата е значително зголемена. Така, минатата година за влез и излез беа регистрирани вкупно 310.981 патници.

Граничниот премин кај Џепиште е на 15-тина километри од Дебар, е од локален карактер, па во летниот период работи од 8 до 20 часот и право да го користат имаат само жителите од граничниот регион, што подразбира општина Дебар и областа Голо Брдо на албанска страна. На овој премин лани биле регистрирани 19.352 патници. вт/цр

Фото: МИА

Остани поврзан