Сообраќајка на патот Струмица-Берово
- Авто мото сојузот на Македонија утринава информира дека сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Берово е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода.
Скопје, 31 јули 2025 (МИА) - Авто мото сојузот на Македонија утринава информира дека сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Берово е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода. Несреќата се случила во 22:10 часот кај „Сарајска раскрсница“.
На останатите државни патишта, сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, иако поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција. бак/
Фото: МИА архива