• понеделник, 23 декември 2024

Зголемена поддршка за конзервативците во Германија пред предвремените избори

Зголемена поддршка за конзервативците во Германија пред предвремените избори

Берлин, 14 ноември 2024 (МИА) - Три месеци пред предвремените парламентарни избори во Германија, опозициската конзервативна партија забележува раст во анкетите на јавното мислење, пренесува ДПА.

Соочен со критики поради разрешувањето на министерот за финансии, канцеларот Олаф Шолц изгуби мнозинство во Бундестагот, што предизвика криза која води кон предвремени избори.

Според анкетите, конзервативците предводени од Фридрих Мерц имаат поддршка од 33 отсто од гласачите, додека партијата на Шолц, СПД, е поддржана од 15 отсто од анкетираните.

Во неговото прво обраќање по објавувањето на датумот за изборите, Шолц ги повика пратениците на мобилизација, нагласувајќи дека патот до компромис е единствениот правилен пат. ссм/

фото: архива

Остани поврзан