• понеделник, 23 декември 2024

За 12 часа регистрирани 5500 обиди за влез во Грција, уапсени 60 лица (видео)

За 12 часа регистрирани 5500 обиди за влез во Грција, уапсени 60 лица (видео)
Атина, 1 март 2020 (МИА) - Од шест часот утрово до 18 часот попладнево, на грчко – турската граница кај Еврос, биле регистрирани околу 5500 спречувања на влез во Грција на нелегани мигранти, а 60 лица биле уапсени, брифираат грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина. Попладнево повторно имаше инциденти на границата, а според извори од Грција и објавено видео, турската полиција фрлила солзавец кон грчките сили во исто време кога мигрантите се обидуваат да стигнат на територијата на Грција. [video width="848" height="480" mp4="https://mia.mk/wp-content/uploads/2020/03/VID-20200301-WA0005.mp4"][/video] Грчката Влада, како што претходно објави МИА, за да ги информира и да ги спречи бегалците и мигрантите , да се обидат да влезат во Грција, испраќа смс порака на сите странски мобилни телефони кои што се приближуваат до грчко – турската граница или се веќе таму, а сега пораката е поразлична од онаа претходно. -Никој не може да ја помине грчката граница. Сите оние што се обидуваат да влезат нелегално, ефективно се спречени да влезат. Бројките цитирани од турските власти се лажни и заблудени, пишува, според грчки владини извори, во пораката, на англиски јазик, која веќе започна да се испраќа. ср/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан