• понеделник, 23 декември 2024

За што служи оној мал, навидум „бескорисен“ џеб на фармерките?

За што служи оној мал, навидум „бескорисен“ џеб на фармерките?

Лос Анџелес, 4 август 2022 (МИА) - Многумина повремено се прашуваат - која била првичната цел на малиот, минијатурен џеб над обичниот џеб на фармерките кај колкот, каде што и денес се чуваат ситни дребулии?

Историјата вели дека ова џепче имало неколку различни употреби... Компанијата „Леви'с“ првпат го додала уште во 1873 година. Но, овој тип фармерки, под назив „Лот 51“, е пуштен во продажба во 1890 година. Историчарката Трејси Панек појаснува дека џепчето првично било наменето за џебните часовници, коишто биле особено популарни во тоа време во САД. На овој начин, на пр., каубојците-фармери си ги чувале часовниците да не им паднат од панталоните додека јаваат коњ и извршуваат други потешки работи на ранчот. Денес, речиси никој веќе не носи вакви часовници, но „Леви'с“ одлучи да го задржи малиот џеб за да го зачува првичниот оригинален изглед на фармерките. Нивниот дизајн не е многу променет од 19. век до денес. - Исклучок беше она кога извадија некои од малите метални делови за време на Втората светска војна, бидејќи требаше да го зачуваат металот за воени цели. Меѓутоа, подоцна почнаа повторно да ги додаваат на фармерките, вели Трејси. Следејќи го трендот, и други модни брендови почнаа да додаваат мали џебови на нивните модели панталони.  си/ссм/

Остани поврзан