• петок, 05 декември 2025

За шест месеци пријавени 17 измами од тетовчани, поднесени 15 кривични пријави

За шест месеци пријавени 17 измами од тетовчани, поднесени 15 кривични пријави

Тетово, 28 јули 2025 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека според нивните статистичките податоци од 1 јануари до 30 јуни 2025 година биле евидентирани 17 пријавени случаи на измами од граѓани жителите на поширокиот тетовски регион, за што до надлежен суд поднесени се вкупно 15 кривични пријави „измама“ и „компјутерска измама“ кои се случиле во текот на овој период. 

Во споредба со истиот период од минатата 2024 година, присуството на овие дела во подрачјето што го покрива СВР Тетово бележи благо намалување на овие дела во нашето подрачје.

-И во текот на оваа година, видот и начинот на извршување на измамите е сличен како и минатата година, како што се компјутерски измами, измами преку социјални мрежи, банкарски измами, измами при купопродажба и други видови на измами. Вреди да се спомене дека оваа година не се регистрирани измами со лажно организирање на свечености и семинари. Секторот за компјутерски криминал ги советува граѓаните да бидат исклучително внимателни при комуникација со непознати лица кои нудат финансиски совети за заработка преку интернет. Никогаш не инсталирајте апликации за далечински пристап на барање на непознати и внимавајте на повици од непознати или сомнителни телефонски броеви. Во случај на сомневање за измама, веднаш контактирајте ја вашата банка и пријавете го случајот во Министерството за внатрешни работи, соопшти денес СВР Тетово.

Според член 247 од Кривичен законик, тој што ќе постапи спротивно на овој член, во зависност од вредноста на штетата што била причинета, ќе биде казнет со затворска казна од 3 месеци до 10 години. ас/дма/


Фото: МИА архива

Остани поврзан