• петок, 22 ноември 2024

За седум дена санкционирани 237 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

За седум дена санкционирани 237 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

Скопје, 29 јануари 2024 (МИА) - ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционирала 237 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 22 до 28 јануари со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранети се 137 непрописно паркирани возила, а механичко средство „блокатор“ е ставено на 100 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците. фф/бак/

Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан