• петок, 05 декември 2025

За Рамазан Бајрам во дебарското Муфтиство собрани 2,4 милиони денари доброволни прилози

За Рамазан Бајрам во дебарското Муфтиство собрани 2,4 милиони денари доброволни прилози

Дебар, 18 април 2025 (МИА) - По повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам во Дебарското муфтиство собрани се 2,4 милиони денари доброволни прилози од верниците, постојани жители, како и од оние кои живеат и работат во странство.

- За празникот, на име доброволни прилози од верниците собрани се вкупно 2.400.090 денари, кои јасно говорат за довербата, посветеноста и верската зрелост на нашите верници. Годинава бележиме значаен раст, што го одразува не само чувството на колективна одговорност, туку и силата на нашите институции кога се водат со транспарентност, визија и интегритет, изјавија за МИА од Муфтиството.

Најголем процент од собраните средства се од жителите на  Дебар - 828.400 денари, потоа на селaта Требиште 340 илјади, Скудриње 214.900, Могорче 175.800, Велебрдо по 160.300, Ростуше над 152.200, додека во останатите села износот се движи од 16.800 до 91.500 денари.

-Овие бројки се многу повеќе од финансиски резултати. Тие се жив показател за постојаната доверба на граѓаните во работата и сериозноста на Дебарското муфтиство, како и мотив да се продолжи со посветеност на патот на служење на верата, верниците и заедничката благосостојба. Им благодариме на сите имами, џамиски одбори и на верниците од дебарското Муфтиство и во дијаспората за нивниот придонес, додадоа од Муфтиството.

Дебарското Муфтиство ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа, Маврово и Ростуше и подрачјето на Река. вт/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан