• сабота, 23 ноември 2024

За првпат три дебарски каратистки учеснички на Европско првенство

За првпат три дебарски каратистки учеснички на Европско првенство

Дебар, 6 февруари 2024 (МИА) – Како дел од македонската карате репрезентација, за Грузија на Европското првенство отпатуваа три каратистки од дебарскиот карате клуб „Дибра“.

- За првпат дури три членки на нашиот карате клуб учествуваат на едно Европско првенство, откако освоија први места на плејофот во Скопје во ноември минатата година. Очекувам, како од нив, така и од другите каратисти да се покажат во вистинско светло и се надевам дека ќе се вратиме со медали, рече за МИА, Дурим Пачуку, тренер на КК „Дибра“ и еден од тренерите на македонската репрезентација.

Станува збор за Ера Коџа во категоријата У21- 68 килограми, Гента Села, во категоријата У21- 50 килограми и Сара Дука во категоријата јуниорки до 48 килограми, која неодамна македонската карате федерација ја прогласи за спортистка на годината во категоријата јуниори.

- Пред заминувањето за Тбилиси имавме срдечна средба со градоначалникот Хекуран Дука. Искажувам голема благодарност до општина Дебар и градоначалникот Дука за континуираната поддршка, без која не би можеле да се претставиме на натпревари од национален и меѓународен карактер. Секако благодарност и до сите кои го помагаат нашиот клуб и учеството на натпревари, вели Пачуку.

Европско првенство за кадети и јуниори, ќе се одржи во Тбилиси, Грузија, од 9 до 11 февруари. вт/зс/

Фото: Фејсбук Пачуку 

Остани поврзан