• понеделник, 23 декември 2024

ЕАНА бара заеднички решенија против лажните вести поради вештачката интелигенција

ЕАНА бара заеднички решенија против лажните вести поради вештачката интелигенција

Варшава, 15 јуни 2023 (МИА) - Директорот на Европската асоцијација на новински агенции (ЕАНА), Клеменс Пиг на отворањето на петтата конференција „Фјучр медиа“ (Future media) што се одржува во Варшава повика на заедничка соработка во борбата против заканите од вештачката интелигенција.

- Новинските агенции треба да соработуваат за да можеме да се справиме со брановите на лажни вести што ги носи вештачката интелигенција. Вештачката интелигенција во погрешни раце може да доведе до огромни бранови на лажни вести и слични предизвици, изјави Пиг.

Тој нагласи дека рускиот напад врз Украина покажал дека автократските режими ја поткопуваат слободата преку употреба на пропаганда и лажни информации.

Европската асоцијација на новински агенции е основана во 1956 година и обединува 33 новински агенции. мс/ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан