• петок, 22 ноември 2024

За брзо возење 147 казни на територија на СВР Тетово

За брзо возење 147 казни на територија на СВР Тетово
Скопје, 2 август 2022 (МИА) - На територијата на СВР Teтово денеска е спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 147 возачи. Од нив, соопштија од МВР, 63 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/  

Остани поврзан