• недела, 22 декември 2024

За брзо возење на територија на СВР Битола санкционирани 87 возачи

За брзо возење на територија на СВР Битола санкционирани 87 возачи

Скопје, 29 јануари 2023 (МИА) – Вкупно 87 возачи се казнети при засилената акциска контрола за санкционирање на лица кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната што денеска во периодот од 10.00 до 15.00 часот беше спреведена на територијата на СВР Битола. Од нив, како што информира МВР, 59 ја пречекориле брзината во населено место, а 28 надвор од населено место.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови же продолжат засилените акциски сообраќајни контроли  и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.вј/вг/

Остани поврзан