• петок, 22 ноември 2024

Зајкова: Надежта и жедта за доброто, мирот и убавото никогаш не згаснува 

Зајкова: Надежта и жедта за доброто, мирот и убавото никогаш не згаснува 

Скопје, 19 јануари 2024

Денес е Богојавление - Водици, празникот кој потсетува на денот кога Исус Христос се крштеваше во светите води на реката Јордан. 

Благородната порака на овој празник е дека сè може одново да се измие, очисти, обнови и повторно да се роди и дека надежта и жедта за доброто, мирот и убавото никогаш не згаснува, рече лидерката на Либерално демократската партија Моника Зајкова од Бигорскиот манастир. 

 - Токму затоа, прославувајќи го овој голем празник, кога водата во реките тече и станува света, да биде силата која ќе не обедини како граѓани, како соседи, пријатели и соработници. Заедно да се сплотиме и да чекориме кон целта Македонија да оди напред. Да стане полноправна членка на европското семејство на народи. Да бидеме одговорни политичари, одговорни граѓани и да ги надминеме предизвиците што ги носи иднината за да обезбедиме мир, напредок и благосостојба за граѓаните, додаде Зајкова. 

Таа денеска присуствуваше и на положувањето на светиот крст во водите на реката Радика.

ЛДП

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан