Захарова: Москва и Вашингтон треба да вложат заеднички напори во борбата против коронавирусот
- Москва и Вашингтон треба да вложат заеднички напори во борбата против пандемијата на коронавирусот, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Москва, 2 април 2020 (МИА) - Москва и Вашингтон треба да вложат заеднички напори во борбата против пандемијата на коронавирусот, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
- Добро ја слушнавме пораката од Стејт департментот на САД за важноста на заедничките напори во борбата против коронавирусот. Особено е нагласено дека во минатото, за време на кризни периоди, нашите две земји обезбедуваа хуманитарна помош и дека така ќе биде и во иднина. Ова е момент со заеднички напори да го совладаме заедничкиот непријател кој е опасен по животот. Ние го прифаќаме овој пристап. Време е заедно да настапиме на фронтот, истакна Захарова. паг/