Захарова: За Русија мировната иницијатива на Париз и Лондон е само купување време
- -Всушност, имаат отворена желба под било која цена да постигнеме пауза за киевскиот режим кој е на умирање, за украинските вооружени сили, за да спречиме колапс на бојното поле,изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Москва, 6 март 2025 (МИА) – Русија денеска соопшти дека француската и британската мировна иницијатива за Украина е обид да се купи време за да се спречи колапс на украинската војска.
-Всушност, имаат отворена желба под било која цена да постигнеме пауза за киевскиот режим кој е на умирање, за украинските вооружени сили, за да спречиме колапс на бојното поле,изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Таа посочи дека Москва е заинтересирана за конечно решение на војната, а не за пауза што ќе и помогне на Украина.
-Потребни се цврсти договори за конечното решение. Без сето тоа, какво било паузирање или прегрупирање е апсолутно неприфатливо бидејќи тоа ќе доведе до сосема спротивен резултат, изјави Захарова.
Британскиот премиер Кир Стармер викендов изјави дека Лондон и Париз ќе работат на мировниот договор со Украина и ќе му го претстават на американскиот претседател Доналд Трамп. Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека двете земји предлагаат делумен едномесечен прекин на огнот меѓу Русија и Украина.сд/
фото:Х