• понеделник, 23 декември 2024

Затворен угостителски објект во Куманово, работел по дозволеното време

Затворен угостителски објект во Куманово, работел по дозволеното време
Скопје, 14 февруари 2021 (МИА) - Угостителски објект во Куманово е затворен од Државниот пазарен инспектират затоа што работел по дозволеното време. МВР соопшти дека по пријава дека во угостителски објект на ул.„Ѓорче Петров" во Куманово не се почитувале здравствените прописи за време на епидемија, полициски службеници извршиле контрола и било констатирано дека објектот работи по дозволеното време, а во него биле затекнати девет гости, сопственикот А.Т.(43) и еден вработен. По целосно документирање на случајот против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава, а од страна на Државниот пазарен инспектират објектот е затворен.са/

Остани поврзан