• понеделник, 25 ноември 2024

Затворени гласачките места на парламентарните избори во Црна Гора

Затворени гласачките места на парламентарните избори во Црна Гора
Подгорица, 30 август 2020 (МИА) - Во 20 часот во Црна Гора се затворени избирачките места каде граѓаните гласаа на парламентарните избори, петти по прогласувањето независност на земјата. „Изборите беа обележани со голема излезност. До 19 часот, гласаа 74,9 проценти од гласачите“, соопшти Центарот за мониторинг и истражување. Заокружувајќи една од 11-те листи, партии и коалиции, граѓаните на Црна Гора гласаа за 81 пратеник, колку што има црногорскиот Парламент. Претседателот на Државната изборна комисија, Алекса Ивановиќ претходно изјави дека до ДИК не биле пријавени поголеми неправилности. Денешните парламентарни избори се единаесетти по воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора и петти по прогласувањето на независност на земјата. На парламентарните избори учествуваа шест коалиции и пет политички партии. Парламентарните избори ги следеа 2.089 набљудувачи, од кои 265 се странски. Право на глас во Црна Гора имаа 540.026 граѓани кои гласаа на 1.217 избирачки места. паг/        

Остани поврзан