• сабота, 23 ноември 2024

Затвореник ги покажа готварските вештини, Тик-ток му го укина профилот

Затвореник ги покажа готварските вештини, Тик-ток му го укина профилот
Лос Анџелес, 31 јануари 2022 (МИА) - Затвореник стекна слава на Тик-ток откако почна да објавува видеа како готви во ќелијата. Тој покажа оти знае да приготува пилешка чорба, кари, палачинки и шпагети болоњезе, а едно од тие видеа собра 1,2 милиони прегледи, пред профилот да му биде укинат. Според наводите, затвореникот користел мобилен телефон и интернет од установата за да ги снима и прикачува своите готварски видеа, а тоа е забрането во затворот. Се чини, затворските службеници го информирале Тик-ток, па оттаму го деактивирале профилот. Дел од видеата се зачувани и прикачени на Јутјуб. На едно од нив, тој во прилично импровизирани услови, прави минипалачинки.  си/сд/ https://youtu.be/Emjq_f2Wpek

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан