• недела, 19 мај 2024

„Засекогаш во срцата“ традиционален концерт во чест на Тоше Проески со Камерен оркестар на Битола

„Засекогаш во срцата“ традиционален концерт во чест на Тоше Проески со Камерен оркестар на Битола

Битола, 14 февруари 2024 (МИА) - НУ Центар за култура во соработка со НУ Камерен оркестар на Битола по шести пат го организираат концертот „Засекогаш во срцата“.

Од НУ Камерен оркестар на Битола информираат дека годинава ќе се одржат два концерти во чест на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски - Бојс.

Како и секоја година, покрај македонски изведувачи, во проектот поддржан од Министерството за култура, на сцената ќе се појават и гости од соседните држави, кои ќе ги изведат најдобрите песни на Тоше во оркестарски аранжман.

На 16 февруари, на два концерти, најдобрите хитови на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски - Бојс ќе бидат изведени од Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Наде Талевска, Димитар Андоновски, Ана Петановска, Бојан Стојков, Александра Трајческа и Катерина Јовановиќ во придружба на Камерен оркестар на Битола. мт/мд/

Фото: НУ Камерен оркестар на Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан