• сабота, 06 јули 2024

Започнува реконструкцијата на водоводната мрежа во дел од населба Ново Делчево

Започнува реконструкцијата на водоводната мрежа во дел од населба Ново Делчево
Делчево, 13 октомври 2022 (МИА) - Започнува реконструкцијата на водоводната мрежа во дел од населба Ново Делчево. Со проектот, како што информираа од Општината, предвидена е замена на дотраената водоводна линија на повеќе улици од оваа населба во Делчево.
-Со проектот ќе бидат опфатени следните улици: „19 Октомври“, „Пијанечка“ , „Ленинова“, „Охридска“, „Пиринска“, „Осоговска“ и „Трст“, информираа од Општината.
Реконструкцијата на водоводната инсталација, како што додадоа, предвидува замена на дотраените и старите азбестни цевки со нови полиетиленски.
-За таа цел жителите од посочените улици е потребно да контактират со стручните лица од Јавното комунално претпријатие „Брегалница“, со цел да извршат замена и на старите приклучоци до домовите со нови, за поврзување на новата улична водоводна мрежа.
Реализацијата на проектот за реконструкција на водоводната мрежа во населбата Ново Делчево ќе започне од понеделник, 17 октомври годинава. вс/сст/

Остани поврзан